Нови 4.000 работни места во четири инвестиции

Bez autora
Jul 02 2012

Премиерот Никола Груевски најави четири нови инвестиции што ќе се реализираат во следниот период, а со кои, како што рече, се очекува вработување на околу 4.000 граѓани. Следата недела италијанската компанија „Текнохозе“ ќе почне пробно производство, а во понеделник ќе биде ставен камен-темелник на „Kромберг и Шуберт“ во Битола, каде што ќе се вработат околу 2.500 граѓани. Во втората половина на јули почнува изградбата на фабрика за автобуси „Ванфу“ од Белгија каде што во првата фаза ќе бидат вработени околу 500 луѓе и во почетокот ќе се извезуваат автобуси во САД. Покрај ова, премиерот потсети дека е прифатена и понудата на турската компанија која конкурираше за рудникот „Тајмиште“, каде што ќе бидат вработени околу 500 лица, а според првичните најави во фабриката што ќе треба да ја изгради за три години ќе бидат вработат уште 1.000 луѓе.

Нови 4.000 работни места во четири инвестицииПремиерот Никола Груевски најави четири нови инвестиции што ќе се реализираат во следниот период, а со кои, како што рече, се очекува вработување на околу 4.000 граѓани.

- Следата недела италијанската компанија „Текнохозе“ ќе почне пробно производство, а во понеделник ќе биде ставен камен-темелник на „Kромберг и Шуберт“ во Битола, каде што ќе се вработат околу 2.500 граѓани. Во втората половина на јули почнува изградбата на фабрика за автобуси „Ванфу“ од Белгија каде што во првата фаза ќе бидат вработени околу 500 луѓе и во почетокот ќе се извезуваат автобуси во САД - изјави во сабота премиерот Груевски.

Покрај ова, премиерот потсети дека е прифатена и понудата на турската компанија која конкурираше за рудникот „Тајмиште“, каде што ќе бидат вработени околу 500 лица, а според првичните најави во фабриката што ќе треба да ја изгради за три години ќе бидат вработат уште 1.000 луѓе.

- Иако оваа година е исклучително тешка, далеку потешка од минатата, сепак и во такви околности можам да кажам дека тоа што се случува во последните месеци е релативно задоволувачки имајќи предвид дека живееме во време на европска должничка криза и длабока рецесија во Европа - рече Груевски.

Добро е, додаде, што и во услови на економска криза во Европа, во Македонија има движење на полето на странските инвестиции.

- Има држави во кои комплетно с` е застанато во однос на нови фабрики, нови градби на погони и нова опрема, нагласи премиерот Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik